Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед на чекор од изненадувачки трансфер

Манчестер Јунајтед на чекор од изненадувачки трансфер

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и сега член на Саутемптон, Дани Ингс е новата трансфер цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

И покрај фактот што Кавани потпиша нов договор и ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, сепак „црвените ѓаволи“ сакаат да донесат уште еден напаѓач ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, веќе го донесе Џејдон Санчо, а преговара за трансферите на Камавинга и Варан.

28-годишниот Ингс има договор со „светците“ на уште една сезона, па најверојатно ова лето ќе биде продаден, а наводно веќе се договорил со „црвените ѓаволи“.

Солскјер сака уште еден централен напаѓач како алтернарива за Кавани и верува дека Ингс ќе биде идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…