Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Соскјер е спремен на лето да продаде еден од двајцата голмани кои се борат за стартното место во тимот, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Давид де Геа и Дин Хендерсон се двајца одлични голмани, но еден од нив на лето може да биде продаден, а фаворит е Шпанецот.
Хендерсон не сака да биде резерва, а Манчестер Јунајтед не сака да го загуби Англичанецот бидејќи смета дека може да биде иднина на тимот од „Олд Трафорд“.
Де Геа во последните две сезони не е на своето најдобро ниво, тој е еден од најплатените играчи во тимот, па поради тоа најверојатно ќе биде продаден.
Хендерсон е седум години помлад од Де Геа, а покажа дека може да биде одлична замена за Шпанецот, па најверојатно ќе биде промовиран во прв голман за следната сезона.