Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед „лета“ на крилата на Марсијал (видео)

Манчестер Јунајтед „лета“ на крилата на Марсијал (видео)

Манчестер Јунајтед оствари висока победа против Шефилд Јунајтед на „Олд Трафорд“, а херој за „црвените ѓаволи“ беше Марсијал.

Францускиот напаѓач ги постигна сите три гола  на натпреварот, а резултатот го отвори уште во 7-та минута. После една фантастична акција Рашфорд го проигра Марсијал кој погоди за 1:0. Пред самиот крај на првото полувреме Марсијал уште еднаш ја затресе мрежата за сигурно водство на Јунајтед.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во второто полувреме „црвените ѓаволи“ продолжија со истото темпо, а повторно на сцена стапи тандемот Рашфорд – Марсијал. Англичанецот одлично го проигра Французинот за конечни 3:0.

На другите натпревари Евертон стигна до важни три бода на гостувањето кај Норвич (0:1), Вулверхемптон минимално го победи Борнмут, а Астон Вила и Њукасл ги поделија бодовите (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…