Манчестер Јунајтед го договори трансферот на Андре Онана од Интер, а сега тргнува по уште една ѕвезда од Серија А.
Станува збор за играчот на Фиорентина и марокански репрезентативец Софијан Амрабат, пренесуваат медиумите на Островот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.
Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, после одличните настапи на Мундијалот, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.
Сега за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед.
🚨 Manchester United are moving forward to sign Moroccan midfielder Sofyan Amrabat.
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) July 20, 2023
🇲🇦 🔴 #MUFC 🟣 #ForzaViola https://t.co/bVec2SipVP pic.twitter.com/IFKy3NqKN9