На „Олд Трафорд“ веќе активно се работи на засилувања за следната сезона со цел враќање на самиот врв во англискиот и европскиот фудбал.
Британските медиуми сега пишуваат дека „црвените ѓаволи“ пронајдоа совршено засилување за својата екипа во Португалија, а станува збор за играчот на Спортинг, Бруно Фернандес. Одличниот играч за врска ја игра сезоната на животот во дресот на Спортинг, па на себе го привлече интересот на некоклу европски гиганти како Челзи, Милан, Ливерпул…
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, најсериозен во настојувањето да го обезбеди потписот на 24-годишниот играч за врска наводно е Манчестер Јунајтед кој веќе ги направил и првите контакти за реализација на трансферот. Се шпекулира дека Јунајтед веќе воспоставил контакт со агентцијата која го застапува Бруно Фернандес и биле направени првите разговори за неговиот можен трансфер на „Олд Трафорд“.
Фернандес оваа сезона одигра 46 натпревари за Спортинг во сите натпреварувања и постигна 27 гола, притиа запиша 15 асистенции, што е одличен учинок за играч кој не е класичен напаѓач. Треба да се додаде дека Фернандес има договор со Спортинг до 2023 година и дека во истиот има вградено откупна клаузула во износ од 100 милиони евра.
Португалските медиуми пренесуваат дека Спортинг за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.
Инаку, Фернандес во Спортинг пристигна од Сампдорија летото 2017 година за нешто помалку од 10 милиони евра. Пред Сампдорија настапуваше за Удинезе, Новара и Боависта, клубот во чија младинска школа и поникна.
Manchester United are interested in signing Portugal midfielder Bruno Fernandes. Sporting Lisbon want a minimum of €70m. (Source: A Bola) pic.twitter.com/O8TnklF4Ae
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 11, 2019