Дома Топ вести Манчестер Јунајтед и ќе плати за да се ослободи од Санчез

Манчестер Јунајтед и ќе плати за да се ослободи од Санчез

sanchez

Maнчестер Јунајтед во текот на летото ќе се обиде со сите сили да се ослободи од чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез.

Алексис пред година ипол стана член на „црвените ѓаволи“. Пристигна од Арсенал во замена за Хенрик Микхтаријан и требаше да претставува големо засилување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јунајтед му даде и огромна плата. Чилеанецот со бонуси заработува пола милион фунти неделно, но бидејќи на „Олд Трафорд“ не покажа ништо раководството сака да се ослободи од него ова лето.

Од Манчестер Јунајтед спремни се да му исплатат дури 13 милиони фунти за да си замине од клубот. Тоа е половина од сумата која Санчез во наредните две сезони би требало да ја заработи во клубот.

Со заминувањето на Алексис клупскиот буџет би бил значително олеснет. Англискиот гиганат на негово место би можел да доведе двајца или тројца одлични фудбалери, што им и за цел во наредниот период.

Искусниот 30 годишен фудбалер ниту оваа сезона не направи апсолутно ништо. Одигра 26 натпревари во сите натпреварувања и има скромен учинок од два гола и четири асистенции.

Вкупниот учинок му е навистина лош. За година ипол во клубот одигра само 44 натпревари и пет пати ја погодуваше противничката мрежа што е премалку кога ќе се погледне сумата која ја добива неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пикси објави список од 35 фудбалери за Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска го објави поширокиот список н…