Манчестер Јунајтед и Јувентус се спремни да започнат преговори за спектакуларна трампа во зимскиот преоден рок, пренесува „Тутоспот“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти Погба во Торино, ако за возврат го добие Емре Чан плус дополнителни 60 милиони евра.
Погба инсистира да го напушти „Олд Трафорд“, па „црвените ѓаволи“ се спремни да се ослободат од него, а во Емре Чан гледаат идеална замена.
Од друга страна Германецот не е во плановите на Сари и сигурно ќе ја промени средината во јануарскиот преоден рок.
Поради тоа оваа трампа им одговара на двата клуба, бидејќи Јувентус уште во летото сака да го врати Погба назад во своите редови.
„Тутоспорт“ пренесува дека наскоро двата клуба ќе седнат на преговарачка маса за да ги договорат сите детали.