Клубовите од Премиер лигата, Тотенхем и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.
Станува збор за 22 годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира под водство на новиот менаџер на клубот, Марко Росе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Двата англиски клуба се силно засинтересирани за швајцарскиот репрезентативец и сакаат да го купат уште во јануари, а се спремни да го остават под наем во Мехенгладбах до крајот на сезоната.
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Јунајтед и Тотенхем се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис.