Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед испрати официјална понуда за Дембеле

Манчестер Јунајтед испрати официјална понуда за Дембеле

Манчестер Јунајтед одлучи жешко да го започне летниот трансфер период.

По исклучително лошата сезона во која не успеаа да остварат пласман во Лигата на Шампионите, Јунајтед не сака тоа да се случи и следната сезона. Токму поради тоа ова лето ќе се обидат да го засилат својот тим, а според медиумите во Франција, Јунајтед денеска испратил официјална понуда за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ за овој 22-годишен напаѓач испратија понуда во износ од 45 милиони евра. Сега се чека одговор од Лион, кој многу лесно би можел да биде позитивен. Дембеле пред помалку од година дена пристинга во Лион од Селтик. Платен беше околу 20 милиони евра и сигурно дека оваа понуда од „Олд Трафорд“ ќе биде привлечна.

Одличниот француски напаѓач зад себе има многу добра сезона. Одигра вкупно 51 натпревар, а оствари учинок од 23 гола и шест асистенции. На „Олд Трафорд“ веројатно би бил замена за Лукаку, кој управата на Манчестер Јунајтед сака да го продаде. Дембеле покрај Лион и Селтик играше и за Фулам. Пристигна како 15-годишен во овој тим, а му се предвидуваше голема кариера.

Сега во голем трансфер би можел да се врати во Англија. Голема желба е на Оле Гунар Солскјер и 22-годишниот напаѓач сигурно нема да ја добие понудата да заигра на „Театарот на соништата“. Лион лесно би можел да остане без добар дел од екипата оваа сезона, бидејќи добар дел од првотимците се поврзуваат со заминување од клубот ,а нивните играчи ги бараат големите гиганти на европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…