Откако од Борусија Дортмунд стигна најава дека Џејдон Санчо ќе остане во клубот и наредната сезона, Манчестер Јунајтед мораше да го смени планот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед мора да бара алтернатива за Санчо, а најсериозен кандидат е играчот на Борнмут, Дејвид Брукс.
Брукс одигра фантастична сезона и неколку гиганти од Премиер лигата покажуваат инетерс за неговиот потпис.
23-годишниот Велшанец секако ќе биде многу поефтна опција за „црвените ѓаволи“. Медиумите тврдат дека неговата цена е 40 милиони фунти, а интерес за него покажува и Ливерпул.
Како трета опција за Манчестер Јунајтед се споменува Даглас Коста, кој е на излезна врата од Јувентус.