Џејден Санчо моментално настапува како позајмен во Борусија Дортмунд, каде повторно ја оживеа кариерата.
Англичанецот не сака на лето да се врати на „Олд Трафорд“,особено ако на чело на тимот остане Ерик Тен Хаг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шефовите на „црвените ѓаволи“ се откажале од обидот да ги помират Санчо и Тен Хаг и се подготвени да го продадат 23-годишниот крилен напаѓач. Изворот тврди дека Борусија е подготвена да му понуди на Јунајтед 35 милиони фунти за перманентен трансфер.
Тоа значи дека Манчестер Јунајтед ќе загуби околу 40 милиони фунти само од трансферната сума, без платите на играчот. Јунајтед во 2021 година на Борусија и плати 73 милиони фунти.