Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ игра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со Фиорентина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Приоритет на Солскјер на лето ќе биде доведување на централен дефанзивец и верува дека Миленковиќ може да биде „новиот Видиќ“ на Олд Трафорд.
Србинот на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Фиорентина ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати таа сума и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Србинот интерес покажуваат уште Челзи, Милан и Јувентус.