Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го сака Кутињо, Ливерпул ќе биде најголем губитник

Манчестер Јунајтед го сака Кутињо, Ливерпул ќе биде најголем губитник

Иднината на Филипе Кутињо во Барселона е неизвесна, откако оваа сезона го загуби местото во првиот тим и се почесто ја грее клупата.

Најскапото засилување на Барселона не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“, па се почести се шпекулациите за негово враќање во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за бившиот фудбалер на Ливерпул, а „Мундо Депортиво“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ веќе ги направиле првите контакти со Бразилецот.

Ова е јасно дека би бил голем удар за сите симпатизери на Ливерпул, со оглед на тоа дека Кутињо остави голема трага на „Енфилд“ и нема сомнеж дека тешко би го поднеле неговото преминување во редовите на лутиот ривал од Премиер лигата.

Притоа, „црвените“ ќе добијат и финансиски удар доколку Кутињо ја напушти Барселона, односно Ливерпул ќе остане без големи бонуси.

Имено, според договорот Каталонците на секои 25 меча му плаќаат по 4,4 милиони фунти бонуси на Ливерпул. Кога се ќе се собере, Ливерпул, во случај Кутињо да ја напушти Барса овој месец, би можел да остане без 22 милиони фунти бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…