Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, а најголема желба е Џеред Брентвејт од Евертон.
Јунајтед останува без Рафаел Варан, а во Брентвејт гледаат идеален наследник на Французинот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Евертон е свесен дека поради балансирање на трошоците и финансискиот фер-плеј ќе мора да продаде голем број играчи, а први на списокот за продажба се младиот стопер и Белгиецот, Амаду Онана.
Брентвејт е на списокот на репрезентацијата на Англија за претстојното ЕП и би можел да дебитира на пријателските натпревари со Босна и Херцеговина.
Тој одигра одлична сезона за Евертон и покажа дека е еден од најголемите англиски таленти во моментов.