Дома Фудбал Останато Манчестер Јунајтед го разби Лидс, мајсторија на Рашфорд (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го разби Лидс, мајсторија на Рашфорд (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед денес го победи Лидс со 4:0.

Тимот на Оле Гунар Солскјер одигра одличен натпревар. Менаџерот на „црвените ѓаволи“ ги искористи сите играчи кои ги имаше на располагање и на крајот неговиот тим убедливо победи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јунајтед поведе во седмата минута. Во една убава акција Ван-Бисака асистира, а гол постигнува Гринвуд.

Најубавиот момент се случи во 27-та минута, а втор беше Маркус Рашфорд. Младиот напаѓач на Јунајтед со одличен дриблинг се ослободи од противникот и излезе сам пред голманот на Лидс и погоди за 2:0.

Со овој резултат се замина на полувреме, а во вториот дел Солскјер комплетно го промени тимот, додека Биелса на другата страна не направи премногу измени.

До крајот на натпреварот видовме уште два гола. Прво Фил Џонс погоди за 3:0 во 51-та минута, а во 69-тата Марсијал од белата точка ги постави конечните 4:0.

Македонскиот репрезентативец, Алиоски не беше во составот на Лидс за овој натпревар.

https://www.youtube.com/watch?v=87FLhUb05T8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп: Многу ми е жал. Се извинувам

Ливерпул претрпе голем удар за шампионските амбиции. Во градското дерби тој беше поразен о…