Жозе Мурињо ќе направи голема реконструкција на екипата во следниот трансфер период, а за да собере пари, подготвен е да го продаде и Пол Погба.
Португалскиот тренер и францускиот играч спроед пишувањето на англиските медиуми веќе некое време се наоѓаат во лош однос. Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед смета дека за неовите лоши игри, виновен е тренерот. Наводно, Мурињо и Погба, кој одлично се соработуваа минатата сезона, едвај и комуницираат оваа сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мурињо се навредил кога Погба наводно изјавил дека жали што го напуштил Јувентус со кого победуваше и освојуваше трофеи. „L`equipe“ пишува дека Мурињо на Погба му поставил искучително тешка задача, односно да игра поблиску до противничкиот гол. Португалецот е свесен дека следната сезона мора да освои еден голем трофеј, а по таа цел планира да оди со пет нови играчи, но без Погба.
Мурињо планира од Реал да ги доведе Рафаел Варан и Тони Крос. Со Варан се соработуваше во Мадрид, па самиот француски фудбалер го потврди интересот од Јунајтед. Во 28-годишниот Крос, пак, гледа идеална замена за Погба. Воодушевен е од фудбалската интелегенцијата на Германецот.
Тренерот на Манчестер Јунајтед планира да си оди и во шопинг во Париз. Од ПСЖ одбраната би ја засилил со Маркињос, а средниот ред со Марко Верати. Од Мурињо треба да стравуваат и во Јувентус, бидејќи сака да го доведе левиот бек Алекс Сандро за конечно да го реши проблемот кој го има на таа позиција.
Погба би можел да си оди во замена со Реал, бидејќи тренерот на мадридскиот тим, Зинедин Зидан е воодушевен од својот сонародник.