Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го „позлатува“ Мегваер

Манчестер Јунајтед го „позлатува“ Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот со капитенот Хари Мегваер и веќе започнале преговори со неговиот агент, пренесуваат медиумите на Островот.

„Црвените ѓаволи“ му понудиле нов, петгодишен догоговор, со значително зголемување на платата.

Според новиот договор Мегваер ќе заработува 350.000 фунти неделно, а ќе има и вклучени бонуси во зависност со постигнувањата на клубот и постигнувањата на играчот.

Дефанзивецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2019 година од Лестер за 87 милиони евра, а актуелниот договор му истекува во 2025 година.

Со новиот договор Мегваер ќе стане еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал и Тотенхем во битка за Јуниор Крупи

Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за напаѓачот на Борнмут, Јуниор Крупи, кој е оценет н…