Клауидо Ечвери, 17-годишниот Аргентинец е на чекор од потпис против Манчестер Сити.
Европскиот шампион е во завршни преговори со Ривер за трансфер на капитенот на кадетската репрезентација на Аргентина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити на Ривер најверојатно ќе и плати сума од 20 милиони евра. Ечвери во аргентинскиот клуб би останал на позајмица откако се ќе биде официјализирано. Таков договор Сити постигна околу трансферот на Хулијан Алварез.
За првиот тим на Ривер, Ечвери одигра шест натпревари и запиша една асистенција. Ечвери беше забележан на Светското првенство до 17 години каде што постигна пет голови, а против Бразил во четвртфиналето запиша хет-трик.