Правните експерти тврдат дека Манчестер Сити ќе може да ја избегне казната од УЕФА и наредната сезона ќе може да игра во Лигата на шампиони.
УЕФА во петокот поради кршење на Финансиски фер-плеј го казни Сити со двегодишна суспензија од европските натпреварувања и 30 милиони евра казна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сити веднаш испрати жалба до Спортскиот арбитражен суд и може да побара одлагање на казната додека целиот случај не добие судска разврска.
Доколку Сити побара одлагање на казната, спорот сигурно нема да биде решен до 27-ми август, кога ќе биде ждребот во Лигата на шампиони.
„Извесно е дека Сити ќе побара одлагање, би било несериозно да не го побараат тоа“, изјави спортскиот правник Џон Мерзад.