Манчестер Сити и Интер запишаа големи победи во првите четвртфинални натпревари против Баерн Минхен односно Бенфика.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Интер успеа да слави на гостински терен во Лисабон, иако Бенфика беше благ фаворит пред почетокот на дуелот.
Италијанеците одиграа одлично тактичко прво полувреме, и го оставија поседот на Бенфика, но одлично се бранеа и се закануваа преку контранапади.
На стартот на вториот дел еден таков контранапад во гол го претвори Николо Барела, за предност од 1:0.
Бенфика не беше воопшто опасна, а во 80-та минута Интер доби пенал после играта со рака на Жоао Марио во казнетиот простор. Прецизен од белата точка беше Лукаку за конечно 2:0.
Манчестер Сити има неочекувано високи 3:0 после првиот меч во дербито со Баерн Минхен.
Во првите триесетина минути гледавме израмнет дуел и класично одмерување на силите, а потоа следуваше „проектил“ на Родри за водство на „граѓаните“, резултат со кој се замина на одмор.
Во вториот дел гледавме израмнет фудбал, а во 70-та минута Халанд испрати одлична топка до Бернардо Силва, кој погоди за 2:0. Седум минути подоцна и самиот Халанд се запиша во листата на стрелци за високи 3:0.