Дома Трансфер зона Манчестер Сити за 12 милиони фунти продава голман кој нема ниту еден настап за „граѓаните“

Манчестер Сити за 12 милиони фунти продава голман кој нема ниту еден настап за „граѓаните“

Ирскиот голман Гевин Базуну е блиску до преселба во Саутемптон. „Светците“ за oвој трансфер ќе му платат 12 милиони фунти на Манчестер Сити.

Голманската позиција веќе некое време е проблематична на Сент Мери – Фрејзер Форстер и Алекс Мекарти се сменија во таа улога во последните години. На Форстер му истече договорот со Саутемптон и веќе си најде нов клуб – како слободен играч го засили Тотенхем. Поранешниот член на „Граѓаните“ Вили Кабаљеро пристигна во клубот минатата сезона, но летово го напушта и Саутемптон.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Базуну не се афирмираше во тимот на Гвардиола, но го сврте вниманието на себе со исклучителните настапи на позајмица и во репрезентацијата на Ирска, особено кога го одбрани пеналот на Кристијано Роналдо.

Минатата сезона играше за Портсмут во Лига 1 и ја понесе титулата играч на сезоната.

За Ирска бранеше досега десет пати, а во клупскиот сениорски фудбал има одиграно вкупно 84 пати за Шамрок, Рочдејл и споменатиот Портсмут. Манчестер Сити го доведе 20-годишниот голман во 2017 година за 400.000 фунти. И покрај квалитетите, на „Етихад“ немаше место за Ирецот, заедно со Едерсон, Зек Стивен и Скот Карсон, кои неодамна потпишаа нов едногодишен договор со англискиот шампион.

Новата сезона во Премиер лигата започнува на 5 август – Манчестер Сити во првото коло ќе игра против Вест Хем, додека Саутемптон во Лондон ќе го пречека и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…