Дома Фудбал Останато Манчестер Сити е најбогат клуб во светот: Видете кој е во Топ 10!

Манчестер Сити е најбогат клуб во светот: Видете кој е во Топ 10!

Манчестер Сити е финансиски најмоќниот клуб во светот. Тоа го покажа истражувањето на „Soccerex“.

Англискиот клуб е на врвот неѓу најбогатите со индекс 4,8883, а веднаш после него е Арсенал кој има индекс 4,559. На трето место е Пари Сент Жермен со индекс 4,128. Тоа се единствените три клуба чии што индекс наречен FFI е над 4.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Индексот се определува по 5 категории – цената на фудбалерите, имотот на клубот како стадион и тренинг база, пари во банка, потенцијалните инвестиции и долговите.

Англија е држава со најмногу клубови во Топ 30, дури 8, а 6 од нов се во Топ 10. САД е на второто место со 5 клуба во Топ 30. Шпанија и Германија имаат по 4, а Италија само 3.

Интересно е што на четвртото место е кинескиот Гуангжу Евергранде, а причината е потенцијалната инвестиција на сопствениците, која се проценува на 1,120 милијарди фунти, а на 5-то место е Тотенхем.

Специјално внимание привлекуваат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона кои се на 6-то односно 13-то место. Причината за тоа е што овие клубови немаат сопственици, туку членови кои плаќаат чланарина.

Сепак, во анализата се споменува дека ако Реал Мадрид излезе на берза, финансиската вредност ќе му биде поголема од било кој друг клуб на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…