Дома Фудбал Англија Манчестер Сити во чудна ситуација: Гвардиола ќе остане само ако клубот биде исфрлен во понизок ранг?

Манчестер Сити во чудна ситуација: Гвардиола ќе остане само ако клубот биде исфрлен во понизок ранг?

На крајот од актуелната сезона истекува договорот помеѓу Манчестер Сити и Пеп Гвардиола, па поради тоа иднината за шпанскиот стратег е неизвесна.

Освен иднината на Гвардиола актуелна е и ситуацијата со процесот кој се води против граѓањаните за 115 обвиненија за прекршување на финансискиот фер-плеј. Во случај Манчестер Сити да не успее да ја докаже невиноста ќе следи драконска казна, се најавува и исфрлање во понизок ранг.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека ако се случи такво нешто Гвардиола дал гарацнија дека сигурно ќе остане барем уште една година за да го врати клубот во Премиер лигата. Исто така за таа година тој не сака да добие никаква плата и тоа ќе го направи бидејќи смета дека треба да покаже лојалност.

Од друга страна ако Сити ја добие битката со Премиер лигата тогаш ќе треба да се почека да се види каква ќе биде одлуката на Пеп. Медиумите веќе шпекулираат и со имиња кои би можеле да го наследат, па така се споменуваат Рубен Аморим од Спортинг и Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…