Дома Фудбал Англија Манчестерско дерби – кој ќе оди на „Вембли“?

Манчестерско дерби – кој ќе оди на „Вембли“?

Maнчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се сретнат во полуфиналето од Лига Купот вечерва (20:45 часот).

За разлика од претходните години сега ќе се сретнат во полуфиналето од Лига Купот каде што се игра само еден натпревар. Во финалето веќе е Тотенхем кој со 2:0 вчера го совлада второлигашот Брентфорд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сити доминира во Лига Купот и во ова натпреварување го освојува трофејот во последните три години. „Граѓаните“ се втор најуспешен тим во ова натпреварување со седум трофеи, еден помалку од Ливерпул. Манчестер Јунајтед пет пати го освојуваше Лига Купот и четири пати губеше во финалето.

Последен пат трофејот го подигнаа во 2017 година кога во финалето го совладаа Саутемптон. Претходните три години Сити во финалињата беше подобар од Арсенал, Челзи и Астон Вила.

Двете екипи се наоѓаат во добра форма.

Јунајтед за пораз во Премиер лигата не знае од 1. ноември и во овој момент на врвот на табелата е изедначен со Ливерпул со 33 освоени бодови. Сити врза четири победи и има четири бода помалку од Јунајтед и Ливерпул со натпревар помалку од градскиот ривал и два помалку од „црвените“.

На последните три натпревари Манчестер Јунајтед славеше во два натпревари и еднаш беше нерешено, а интересно е дека Сити 270 минути не постигнал гол против градскиот ривал.

Јунајтед во овој натпревар ќе биде без Кавани, Линделоф и Рох, додека на другата страна нема да настапат: Едерсон, Вокер, Габриел Жесус, Лапорта и Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …