Дома Останати Кошарка НБА Ману Џинобили стигна до легендарен статус во НБА лигата

Ману Џинобили стигна до легендарен статус во НБА лигата

Ману Џинобили е легенда на Сан Антонио Спарс и на светската кошарка, а против Шарлот Хорнетс тој го одигра 1000 натпревар во НБА лигата.

Џинобили натпреварот против Хорнетс го заврши со 10 поени, 4 скока и 5 асистенции, а имаше и едно забивање коие потсети на неговите најдобри времиња. Популарниот Ману кој има полни 40 години се уште има важна улога во тимот на Грег Поповиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа се многу натпревари, многу години, горд сум што одиграв толку средби“, изјави Ману, кој во 1999 година како 57 пик на драфтот беше избран од страна на Сан Антонио.

Џинобили во Сан Антонио пристигна во 2002 година и досега има освоено четири шампионски титули (2003, 2005, 2007, 2014), два пати играше на „Ол стар“ натпреварот, а во 2008 беше избран за најдобриот шести играч во лигата.

Со репрезентацијата на Аргентина има златен медал од Олимпијадата во Атина во 2004 година, бронза од Олимпијадата во Пекинг во 2008 година и средбо од Светскиот шампионат во Индијанаполис во 2002 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Познати полуфиналните парови за Ф4 во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лига…