Дома Фудбал Мане: Со Салах се смиривме и повторно сме добри пријатели

Мане: Со Салах се смиривме и повторно сме добри пријатели

Конфликтот помеѓу Мане и Салах е заборавен и двајцата голгетери на Ливерпул повторно се добри пријатели, изјави сенегалскиот напаѓач на Ливерпул.

Пред две недели Мане бурно реагираше на одлуката на Египѓанецот да шутира, бидејќи Сенегалецот се наоѓаше во многу подобра позиција. Тоа се случи во победата од 3:0 против Барнли. Во саботата Мане постигна два гола за победа од 3:1 против Њукасл, како што можеше да се види, на теренот меѓу двајцата немаше никакви проблеми, иако медиумите не успеаја да ја проценат ситуацијата.

„Салах? Се е заборавено. Понекогаш треба да ги кажеш некои работи лице в лице. Овие работи се случуваат во фудбалот. Но, ние се смиривме и сега сме добри пријатели, како што бевме и порано“, изјави Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го лоцира проблемот на Јувентус: Десет минути играме добро, па се губиме

Јувентус двапати се враќаше против Фиорентина за реми 2-2, а Спалети предупреди на недости…