Дома Фудбал Англија Мане сигурен: Ние ќе бидеме шампиони!

Мане сигурен: Ние ќе бидеме шампиони!

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане е сигирен дека „црвените“ оваа година ќе го прекинат 29-годишниот пост и ќе станат шампиони во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мане е сигурен дена тој и неговите соиграчи нема да ја пропуштат шансата како во сезоната 2013/14 кога Ливерпул беше на чекор до титулата и ја испушти во последните две кола.

„Сигурен сум дека ќе бидеме шампиони. Кога се будам не одам на тренинг со мислата дека нема да победиме. Не е лесно да ги слушаш коментарите на луѓето за пропустите во минатото. Треба да ги игнорираме и да сконцентрираме на натпреварите кои ни престојат“, истакна Мане.

„Да, Ливерпул имаше голема шанса да ја освои титулата пред неколку години и не го направи тоа, но тоа само му помогна на клубот да бидеме таму каде што сме сега. Сигурен сум дека оваа година ќе ја освоиме титулата“, заклучи Сенегалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Симеоне има 180 станови и седум згради во центарот на Мадрид

Додека од Диего Симеоне (56) на теренот секоја сезона се очекува да ја измисли повторно иг…