Дома Фудбал Англија Мане се пошегува со Гвардиола: Пак ќе се „фрлам“ само нека ми свират пенал!

Мане се пошегува со Гвардиола: Пак ќе се „фрлам“ само нека ми свират пенал!

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане не се загрижи многу од критиките на Пеп Гвардиола дека со симуларање во казнетиот простор се ободува да изнуди пенал за својот тим.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Менаџерот на Манчестер Сити ја обвини „десетката“ на „црвените“ дека симулира.

„Пак ќе се ’фрлам’ ако тоа донесе пенал за мојот тим. Зошто да не? Јирген Клоп кажа правилно – јас не се „фрлам“. Со сигурност имаше контакт против Астон Вила. Можеби тоа не беше пенал, па затоа судијата ми даде жолт картон. Искрено, јас немам проблеми со тоа“, изјави Мане.

„Сакам да продолжам да ги правам работите исто како до сега. Ако се изборам за пенал, тогаш тоа е пенал. Сигурно нема да го променам начинот на игра“, додаде Сенегалецот.

Големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити на програмата е во недела во 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тивка војна без зборови: Говорот на телото на Винисиус открива повеќе од било која изјава

Во врвниот фудбал приказните најчесто се пишуваат со трофеи, голови и големи победи, но по…