Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен сака после само една година да го продаде Садио Мане.
Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а после инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане двете страни сакаат да се разделат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баварците му соопштиле на неговиот агент дека слободно може да си бара нов клуб, а најсилен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Мане преферира да се врати во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампиони, па може да се пресели во најголемиот ривал на Ливерпул.
🚨 Newcastle and Manchester United have emerged as the most likely clubs to sign Sadio Mané this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 17, 2023
Bayern are open to offloading the forward after a poor first season in Germany.
(Source: @Plettigoal) pic.twitter.com/EcbK1tCR6p