Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и во Европа, Садио Мане ова лето ја одбил понудата на Реал Мадрид бидејќи сакал да остане на „Енфилд“.
„Дон Балон“ пренесува дека Реал испратил конкретна понуда, но Сенегалецот веднаш ја отфрлил можноста да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кралевите“ биле спремни за неговиот потпис да му платат на Ливерпул сума помеѓу 150 и 180 милиони евра.
„Многу сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб и уживам овде. Би сакал да останам овде засекогаш. Вистина е дека имав понуди, но Ливерпул е единствен. Овде сите сме како семејство“, изјави Мане.