Дома Фудбал Англија „Мане во Баерн ќе си ја упропасти кариерата“

„Мане во Баерн ќе си ја упропасти кариерата“

Садио Мане по шест години го напушти Ливерпул, кариерата ќе ја продолжи во Баерн од Минхен.

Сенегалецот одби да го продолжи договорот, па Ливерпул ја прифати понудата од 40 милиони евра од Баварците.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Ливерпул и репрезентативец на Велс, Дин Саундерс, го коментираше трансферот и смета дека Мане направил голема грешка.

„Немам ништо против Баерн, тоа е голем клуб, ама лигата не е предизвик. Ќе дава голови, секој викенд ќе победува со 5-0 и однапред ќе знае дека ќе биде шампион. Тоа не е предизвик. Ќе седне во својата фотелја, ќе запали цигара и ќе ужива. Ќе игра за Баерн во трета брзина и ќе си ги упропасти најдобрите години од својата кариера“, изјави Сондерс. 

„Не можам да верувам дека заминува од Ливерпул, не знам како дојде до ова. Има 30 години, последните шест месеци играше најдобро во кариерата, на моменти беше незапирлив“, заклучи Велшанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…