Јован Манев од почетокот на следната недела се приклучува повторно на младата репрезентација на Македонија на собирот за квалификациските натпревари со Фарските острови и со Ерменија. Но, претходно дефанзивецот на Брегалница максимално се фокусира на утрешниот натпревар против Струга ТЛ во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Сините“ сакаат да го заборават поразот од Ренова во Тетово и сега комплетно енергијата да ја насочат во желбата за триумф против стружани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакаме против Струга ТЛ да се вратиме на победите. Зад нас останува дуелот со Ренова, утврдени се грешките и изминативе денови завршени се анализите од натпреварот, па сега комплетно се концетрираме на пресметката со една од најдобрите екипи во лигата. Максимално го респектираме тимот на Струга ТЛ но знаеме и веруваме доколку одиграме на високо ниво дека можеме до трите бода“ – вели Јован Манев.
Натпреварот меѓу Брегалница и Струга ТЛ од 9. коло во ПМФЛ се игра утре со почеток од 15 часот на Градскиот стадион во Штип.
Фото: ФК Бреалница