Македонската фудбалска репрезентација утре ќе патува за Ријека за пријателскиот натпревар против Хрватска закажан на 3. јуни. Бронзените од последното Светско првенство се подготвуваат за настап на Европскиот шампионат а тоа ќе биде шанса за фудбалерите на Благоја Милевски.
Во пресрет на патувањето во Хрватска, своите очекувања ги изнесе дефанзивецот Јован Манев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
– Среќен сум што сум заедно со соиграчите и стручниот штаб. Кога се игра против репрезентации како што се Хрватска или Чешка, селекции кои се подготвуваат за Европското првенство, мотивацијата е на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидат одлични тест натпревари за нас за предизвиците кои не очекуваат во септември. Кога се игра за репрезентација не постои штедење, фокусот е присутен постојано и кога сме на собир друга побитна работа нема. Сите тука сме со една цел, да постигнеме добар резултат.