Дома Македонски спорт Мак ракомет Манасков се враќа за мечот против Турција

Манасков се враќа за мечот против Турција

После убедливата победа над Луксембург, македонската ракометна репрезентација в недела против Турција ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП2024.

Лазаров на располагање ќе има 17 ракометари, за разлика од првиот меч во квалификациите, сега во националната селекција ќе биде искусното лево крило Дејан Манасков кој се опорави од повредата.

Овој пат на списокот на Лазаров немаше место за Марко Кизиќ, Марко Стојковиќ и Петар Атанасијевиќ, а во селекцијата се враќат и Мартин Томовски, Михајло Младеновиќ и Костадин Петров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…