Ракометната репрезентација на Македонија имаше победа в рака против Чешка, но ја прокоцка. Иако ракометарите водеа со пет гола во еден интервал од натпреварот, на крајот загубија со 24-25.
Манасков имаше шанса да донесе реми од пенал, но сепак, не успеа да погоди откако Мрква го фати неговиот пенал на самиот крај од мечот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
–Самите сме си виновни. Имавме се, и го прокоцкавме. Игравме добро, имавме убаво водство, навивачи на наша страна, и потоа не знам што се случи. Одеднаш застанавме. Навистина не знам која е причината, вели Манасков.
За седмерецот кој го промаши на крајот, Манасков вели:
–Мислам дека претходно ја пропуштивме нашата шанса.
Поради неуспехот, Македонија ги загуби шансите за полуфинале и единствено може да се надева на меч за петтото место.