Директорот на Милан, Паоло Малдини ги израдува навивачите после денешниот натпревар против Парма соопштувајќи дека „росонерите“ се блиску до потпишување нов договор со Ибрахимовиќ.
Како што сега стојат работите Ибрахимовиќ ќе го гледаме во Милан и наредната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Со Ибра сме блиску до договор, има само уште некои детали кои треба да се решат“, изјави Малдини.
Во овој момент Милан е второпласиран во Серија А зад Интер и е на добар пат да обезбеди настап во Лигата на шампионите наредната сезона што беше и примарна цел на клубот пред почетокот на оваа сезона.