Дома Фудбал Италија Малдини: Се е договорено со Ернандез, треба само да потпише

Малдини: Се е договорено со Ернандез, треба само да потпише

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини ги израдува навивачите на овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред вчерашното дерби со Јувентус кое се играше на „Сан Сиро“ Малдини на новинарите им потврди дека Тео Ернандез во наредните денови ќе потпише нов договор.

„Тео Ернандез ќе го продолжи договорот во следните денови. Постигнавме договор, само прашање на време е кога ќе потпише“, изјави Малдини.

Одличниот француски бек ќе потпише договор на пет години и во овој момент тој е еден од клучните играчи на „росонерите“ кои се наоѓаат на втората позиција. Ернандез во Милан пристигна летото 2019 година од Реал Мадрид за сума од 15 милиони евра и се покажа како полн погодок на управата на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …