Ретко кој очекуваше дека после пет кола Милан ќе биде лидер во Серија А и тоа со само два изгубени бода.
Иконата на клубот, Паоло Малдини кој сега е во раководството има добри вести за навивачите кога е зимскиот преоден рок во прашање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Стабилноста ни дозволи да ја започнеме сезоната на ваков начин. Ако имаме шанса да се засилиме во јануари ќе го направиме тоа. Знаеме дека сме конкурентен тим, но ако ни се укаже шанса да доведеме некој играч кој ќе не унапреди ќе го направиме тоа. Имаме пари и затоа што во текот на летото не потрошивме онолку колку што можевме“, изјави Малдини.
Сега со млад тим се изгледа како бајка, но и Малдини е свесен дека во текот на сезоната ќе биде потребен широк кадар.
„Нашиот тим во претходните години паѓаше во одлучните моменти. Дури и со Гатузо ја достигнавме точката која ја сакавме, а потоа се истрошивме. Губевме самодоверба во клучните моменти. Знаеме дека и оваа сезона ќе дојдат некои тешки моменти. Медиумите и навивачите не можат да ни го дадат тој баланс и мораме да го пронајдеме во себе“, порача легендарниот Малдини.