Од вчера веќе на големо се зборува и најавува дека Милан набрзо ќе добие нови сопственици. Доказ за тоа е и честитката од веројатно новиот газда (тука).
Дека е блиску до договор потврди и Паоло Малдини кој порача дека не би требало да биде изненадување ако Милан многу брзо добие нови сопственици, иако не сакаше да открие нешто повеќе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не знам многу, но може да се случи да добие нов сопствник во наредниот период. Она што не можам да ви го потврдам е моментот кога тоа би се случило. За нас сега е најважно да се фокусираме на завршницата сезоната во Серија А како и Купот на Италија“, изјави Малдини.
Вчера „Ројтерс“ објави дека компанијата „Инвесткорп“ од Бахреин веќе ги договорила условите со актуелниот сопственик, инвестициската група „Елиот менаџмент“ и прашање на време е кога зделката ќе биде објавена.