Дома Трансфер зона Малдини на „Олд Трафорд“ ќе преговара за ѕвездата на Јунајтед

Малдини на „Олд Трафорд“ ќе преговара за ѕвездата на Јунајтед

Холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек минатото лето пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување, но може да си замине после само една година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Милан, кој сака да го донесе на „Сан Сиро“.

23-годишниот Холанѓанец оваа сезона добива многу мала минутажа во Премиер лигата, а беше купен за 45 милиони евра.

Сега Милан сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А. Вечерва Малдини ќе има средба со раководството на „црвените ѓаволи“ и официјално ќе започне преговори за Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…