Дома Фудбал Италија Малдини: Милан сонува за Скудетото

Малдини: Милан сонува за Скудетото

Легендата и директор на Милан, Паоло Малдини имаше опширно интервју за „Газета дело Спорт“ и изјави дека и тој останал изненаден од формата на „росонерите“.

Малдини истакна дека тимот мора да биде амбициозен и да сонува за освојување на Скудетото бидејќи така полесно ќе успее да заврши во Топ 4.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Искрено кажано не очекував толку долга серија во првенството без пораз. Уште во јануари видов напредок во тимот, а после локдаунот играме фантастично. Милан сонува и не сака да запре, со сигурност нема да се откажеме. Секогаш му кажувам на игрчите да бидат амбициозни, мора да се бориш за нереална цел за да ја оствариш реалната“, изјави Малдини.

„Кога е во прашање Скудетото очекувам голем прогрес на Интер и според мене тие се најголеми фаворити. Јувентус исто така иако има млад тренер, а според мене и Наполи ќе се бори за Скудетото. Ние си го гледаме само нашиот пат“, додаде Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…