Претседателот на Франција Емануел Макрон почна сериозно да се меша во случувањата во ПСЖ. Откако претходно самиот потврди дека разговарал со Мбапе за тој да остане во Париз сега изрази желба Зидан да го води ПСЖ.
Макрон во својата изјава истакна дека не разговарал со Зидан, но сака тој да биде новиот стратег на „светците“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не сум разговарал со Зидан, но сум воодушевен од него и од времето како играч и сега како тренер. Освои три титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и тоа е нешто кое го посакуваме за нашите клубови. Сакаме да се врати и да ја промовира Франција. Би било одлично Зидан да го води ПСЖ, тоа ќе биде добро општо за францускиот спорт“, изјави Макрон.
Во јавноста Зидан подолго време се поврзува со ПСЖ, меѓутоа според последните информации поблиску е да не стане, отколку да стане тренер на овој клуб.