Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонските репрезентативци ги започнаа подготовките за дуелите со Турција и Шпанија

Македонските репрезентативци ги започнаа подготовките за дуелите со Турција и Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација во некомплетен состав ги започна подготовките пред натпреварите со Турција (5. јуни) и квалификацискиот дуел со Шпанија (11. јуни).

Стартот на подготвките поради клупски обврски го пропуштија Пандев, Несторовски, Алиоски, Ристевски и Стјепановиќ.

Селекторот Игор Ангеловски вели дека фокусот прво е на Турција, а обврска на сите е да го дадат максимумот.

„Турција е фудбалска велесила и ќе биде дополнителен мотив за сите играчи. Реков дека и на пријателски дуели сакам да играм против квалитетни селекции. Посакувам играчите да бидат на нивото на претходните мечеви и да го дадат најдоброто од себе. Не смееме однапред да се предадеме, мора да го дадат максимумот. Имаме препознатлива игра која во последните мечеви почна да носи и резултати“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Евлоев запрен во втората рунда, Пеце со македонско знаме го прегрна успехот на синот

Александар Волкановски го задржа шампионскиот појас со технички нокаут во Абу Даби. Во сла…