Дома Македонски спорт Македонските млади кошаркари добија тешки противници во групата на ЕП во Полска

Македонските млади кошаркари добија тешки противници во групата на ЕП во Полска

Македонија е домаќин на два шампионати, за кошаркари „Под 16“ и „Под 18“ години, ќе се играат во Скопје  

Ова лето Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ и „Под 18“ години, а ќе биде реализирано во нашиот главен град – Скопје.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освен овие две селекции, исходот на ждрепката на која присуствуваше и генералниот секретар Владимир Георгиевски, ја очекуваа и нашата машка младинска селекција, која ќе игра на ЕП од Дивизијата „Б“, како и нашата женска репрезентација „Под 18“ години, која е дел од ЕП од Дивизијата „Б“…

А ждрепката на групите за претстојните младински Европски првенства во двете дивизии која се одржа во Фрајзинг ги детермирнираше сите натпреваруваќки групи.

Редоследно, нашата машка селекција „Под 16“ години е поставена во групата „Д“ од ЕП кое ќе се одржи во Скопје во периодот од 8. До 17.август. Заедно со националните тимови на Естонија, Шведска, Украина и Австрија.

Нешто порано, од 26. јули, до 4. август, во Скопје, нашата федерација ќе биде домаќин и на ЕП од Дизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години. А Македонија ќе биде дел од групата „Ц“ во која се уште и репрезентациите на Чешка, Босна и Херцеговина, Украина и Ирска.

Македонската младинска репрезентација ќе биде дел од Европското првенство од групата „А“ кое од 13.до 21. јули ќе се одржи во Гдиња (Полска). А ждрепката посака нашиот младински национален тим да биде во групата „Ц“ , заедно со селекциите на: Шпанија, Туриција и Белгија. 

Нашата женска селекција „Под 18“ години летово (од 2. до 11. август) ќе игра во романскиот Плоешти. И тоа во групата „А“ во која уште „се паднаа“ и репрезентациите на Грција, Ирска, Бугарија и Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…