Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонските клубови и понатаму без победа во Анталија

Македонските клубови и понатаму без победа во Анталија

Македонските тимови кои се подготвуваат во Анталија никако не успеваат да стигнат до победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес Шкендија одигра ново реми, а Македонија Ѓорче Петров доживеа нов пораз. Шкендија одигра 1:1 против Каисар од Казахстан. Голот за Шкендија го постигна Бесарт Ибраими. За Шкендија ова беше трета контролка од вкупно четири кои закажаа во Анталија. Во недела го имаат последниот тест и тој ќе биде против Динамо Киев.

Македонија Ѓорче Петров го запиша и петтиот пораз во петтиот пријателски натпревар. Денес „лавовите“ беа поразени од украински Минај со 1:2. Единствениот гол го постигна Ермедин Адем на 15 минути до крајот. Претходно тие изгубија од Олександрија, Инхулец, ЦСКА Софија и Монтана.

Работнички и Пелистер одиграа 1:1 во Охрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…