Македонскиот фудбал е далеку од највисокото ниво во Европа, меѓутоа по нешто сме во самиот врв – тренерските смени!
Имено инсутутот за фудбалска опсерваторија или популарниот CIES денес објави дека Македонија е втора во светот по бројот на тренерски смени во ПМФЛ. Пред нас е само Босна и Херцеговина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Македонија на второто место е со 90.9% тренерски смени. Во бројки од 11 клубови дури десет ги променија тренерите. Единствен кој издржа од почеток до крај на првенството е стратегот на кратовски Силекс, Горзад Михаилов.
Кога ќе погледнеме на спротивната страна на дното најмалку тренерски смени има во Индија, а таму од 12 клуба само еден клуб го сменил тренерот.
New @CIES_Football Weekly Post ranks 6️⃣0️⃣ top divisions in the world per % of coaches sacked during the season 😠 56.9% overall with max 91.7% in 🇧🇦 and min 9.1% in 🇮🇳 Full data 👉 https://t.co/4FXNrgl45H pic.twitter.com/LCCF4I09gX
— CIES Football Obs (@CIES_Football) May 24, 2023