Дома Фудбал Македонија ќе има право на 1.300 влезници за гостувањето во Италија

Македонија ќе има право на 1.300 влезници за гостувањето во Италија

Како што е веќе познато Италија во баражот за Светското првенство ќе ја пречека Македонија во Палермо на „Ренцо Барбера“.

Според правилникот македонската репрезентација ќе може да смета на околу 1.300 влезници за овој дуел, односно 5% од вкупниот капацитет на стадинот во Палермо.

На Италија и гостуваме затоа што УЕФА одреди носителите да бидат домаќините на полуфиналните средби, а ждрепката сакаше и во случај да ги елиминираме „Аѕурите“ да играме на гости.

Во второто полуфинале Турција ќе и гостува на Португалија и кај победникот од овие две селекции ќе се игра финалниот натпревар за место на СП во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос откри зошто сакал да си оди од ПСЖ: Во Милан конечно имам простор

Португалскиот напаѓач побарал заминување уште во јануари, но ПСЖ го задржал до летото. Во …