Оливера Наковска-Бикова ќе биде единствената македонска спортистка која ќе ја претставува нашата земја на Параолимписките игри во Париз.
Параолимписките игри во францускиот главен град ќе се организираат во периодот од 28 август до 9 септември 2024 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наковска-Бикова имаше успешни подготовки, а според најавите во Париз ќе настапи во три стрелачки дисциплини на 31 август, 2 и 4 септември.
Потсетување дека 49-годишната параолимпијка од Битола го освои златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол на Параолимпикиските игри во Лондон 2012.