Македонската ракометна репрезентација успеа да дојде до победа на гостински терен кај Турција (26:25) во рамките на петтото коло од квалификациите.
Македонските ракометари со оваа победа го потврдија пласманот на Европското првенство, кое што ќе биде 5-то по ред за „црвено-жолтите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мечот започна одлично за нашите ракометари но во финишот од првиот дел дозволивме Турција да се разигра и да го сврти резултатот во своја корист па домашните на пауза заминаа со предност од 13-11.
И во вториот дел домаќините долго водеа се до 54-та минута кога успеавме да го вратиме водството и на крајот да издојуваме важна победа.
Лазаров со седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, а Талески го следеше со пет гола.
Со триумф над Грција во недела во Струмица наше ќе биде и првото место во групата кое ќе ни донесе подобра позиција во ждрепката.