Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес го игра натпреварот против Ерменија во квалификациите за Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првото полувреме македонските репрезентативци прикажаа добра игра и заслужено имаат предност од 0:1. Голот за водство беше дело на фудбалерот на Шкупи, Марко Ѓоргиевски. Пред голот на Ѓорѓиевски во 25. минута создадовме неколку сериозни прилики со кои како да го најавивме водството.
— Stefan Daskalov (@StefanDaskalov5) October 12, 2021
Ерменците имаа голема шанса 7-8 минути после нашиот гол, тогаш Денковски се истакна на голот.
Второто полувреме донесе нешто помирна игра и на двете страни, а тоа нас ни одговараше. Како што одминуваше времето нашти момци изгледаа посигурно и не дозволуваа Ерменците посериозно да се заканат за да го изедначат резултатот.
Точка на натпреварот беше ставен во 84. минута кога Методи Максимов стрелаше за 0:2. До крајот на натпреварот Грегорјан само го убалжи поразот. За нас ова беше прва победа во квалификациите откако претходно одигравме два пати реми и еднаш бевме поразени од Франција, ремизиравме со Србија и Фарски Острови.
— Stefan Daskalov (@StefanDaskalov5) October 12, 2021
СОСТАВОТ СО КОЈ СТАРТУВАВМЕ:
Денковски, Хајдари, Младеновски, Манев, Шеји, Гроздановски, Адем, Антовски, Воша, Рустемовски и Ѓорѓиевски.